Skip to main content
European Commission logo
EACEA National Policies Platform:Eurydice
Преглед

Republic of North Macedonia

Overview

Last update: 14 December 2023

Клучни карактеристики на образовниот систем

 

Образовниот систем во Република Северна Македонија ги одразува потребите на општеството за образовна, научна и постојана улога на образованието и науката за економскиот, социјалниот, технолошкиот и културниот развој на општеството во целина. Следствено, Министерството за образование и наука го олеснува континуираниот развој на системот на образование, морално образование и наука во Република Северна Македонија.

Македонскиот образовен систем е децентрализиран. Управувањето со основните и средните училишта е под надлежност на општините, освен средните училишта во главниот град Скопје кои се под надлежност на Град Скопје. Државата обезбедува финансиски средства за образованието во општините во форма на блок грантови. Оние општини кои се уште се во првата фаза од децентрализацијата добиваат блок дотации за финансирање на одржување на инфраструктурата, а платите на вработените во училиштата се уште се централно распределени. Општините кои се во втората фаза на децентрализација добиваат блок дотации и за инфраструктура и за плати на вработените во училиштата. Советите на општините се целосно одговорни за внатрешната распределба на финансиските средства од блок дотациите меѓу училиштата кои спаѓаат во нивна одговорност. Управувањето со сите училишта за ученици со посебни потреби е под директна одговорност на Министерството за образование и наука.

Наставата во македонските училишта се пренесува на четири јазици. Освен македонскиот јазик како официјален јазик во земјава, учениците имаат можност да изберат учење на албански, турски или српски јазик. Во некои училишта учениците имаат можност да избираат незадолжителни (изборни) предмети за учење на културата и јазикот на Ароманците или Ромите.

Наставните програми по предметите во основното и општо средно образование и за општите предмети во стручното образование ги подготвува Бирото за развој на образованието, а за стручните предмети Центарот за стручно образование и обука. Обезбедувањето на квалитетот во образовните институции е под надзор на Државниот просветен инспекторат.

Во земјава има 21 високообразовна институција, од кои седум се јавни универзитети. Во последните години бројот на студенти (редовни и вонредни) кои студираат на македонските универзитети постојано се зголемува.

Посебен приоритет на Република Северна Македонија е образованието на возрасните, дејност која е регулирана со Законот за образование на возрасни и Законот за стручно образование. Системот на образование на возрасни го промовира Центарот за образование на возрасни, институција основана од Владата со цел преку образованието на возрасните да придонесе за остварување на социо-економските потреби на Македонија, да ги задоволи потребите на пазарот на трудот и да помогне поединци во нивниот личен развој.

Република Македонија како програмска земја учествува во програмата Еразмус+. Земјата го заврши референцирањето на Националната рамка на квалификации на Европската рамка на квалификации, процес кој беше имплементиран од Министерството за образование и наука со поддршка од ЕТФ.

 

Нивоа на образовниот систем

 

Образованието е задолжително на возраст од шест до 19 години за општо средно образование или од шест до 17, 18 или 19 години за стручно образование и обука во зависност од избраната патека за стручно образование и обука.

Образовниот систем во Република Северна Македонија се состои од три потсистеми:

  • Основно образование (ISCED 1 и ISCED 2): во траење од девет години, бесплатно и задолжително за сите деца на возраст од 6 до 15 години, без разлика на полот, религијата и националноста. Дејностите на основното образование се дефинирани и регулирани со Законот за основното образование и со концептот за деветгодишно основно образование. Мисијата на овој потсистем е да подига, едуцира и води. Во првите три одделенија оценувањето на учениците е описно, а за останатите оценки е нумеричко (оценки од 1 до 5). Приватните основни училишта не се признати во македонскиот образовен систем. Сепак, постојат приватни основни училишта и нивните ученици се главно со странско државјанство.
  • Средно образование (ISCED 3): општо средно образование (гимназија) во времетраење од четири години и стручно образование (стручни училишта) во времетраење од две (стручно образование од две години), три (стручно образование за професии) или четири години (стручно техничко образование образование). Средното образование е задолжително и ги опфаќа сите деца од возрасната група од 15 до 19 години за општото средно образование и за возрасната група од 15 до 17, 18 или 19 години во СОО во зависност од избраната патека. Активностите и надлежностите на средното образование се дефинирани и уредени со Законот за средното образование и Законот за стручно образование и обука. Во јавните средни училишта средното образование е бесплатно. Учениците имаат и законска можност да се запишат во приватните средни училишта кои се официјално признати од македонскиот образовен систем; во државата има 16 приватни средни училишта. Во повеќе училишта во земјава функционираат двојазични паралелки во кои наставата по нејазични предмети се изведува на странски јазик (француски или англиски);
  • Високо образование (ISCED 5, 6 и 7): спроведува додипломски, магистерски и докторски студии во високообразовните институции и институти кои се самостојни и независни. Во Република Северна Македонија има седум државни универзитети и 14 приватни универзитети. Активностите се дефинирани и регулирани со Законот за високото образование. Согласно националната политика за обезбедување еднаков пристап до високото образование, социјалната кохезија и доживотното учење, државата го воведе Проектот 35/45 со кој се промовира упис на студенти од возрасна група од 35 до 45 години.

Образовниот систем ги опфаќа и децата со посебни потреби кои се запишани во дефектолошките училишта или во рамките на редовниот наставен процес во зависност од преференциите на учениците и нивните родители. За овие училишта постои посебна наставна програма.

 

Структура на Националниот образовен систем

 

Structure of the National Education System  MK

Отворете ја сликата во нов таб

Structure of the National Education System  MK

Отворете ја сликата во нов таб

 

Корисни ЛИНКОВИ

 

Освен овие содржини, дополнителни информации за македонскиот образовен систем може да се најдат и на веб-порталот на МОН , Биро за развој на образованието , Центар за образование на возрасни , Центар за стручно образование и обука , Национален испитен центар ( http ://www.dic.gov.mk , http://www.matura.gov.mk/Default.aspx?language=EN ). Вредни податоци и анализи и на англиски јазик за образовниот систем се јавно достапни на порталот на Државниот завод за статистика.

 

Заеднички европски референтни алатки обезбедени од мрежата Евридика